четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прегазени двајца малолетници, со тешки повреди завршија во болница

Прегазени двајца малолетници, со тешки повреди завршија во болница

Двајца малолетни пешаци вчера биле прегазени на крстосница од ул.„Братство Единство“, ул.„Младинска“ и ул.„24 Октомври“ во Струмица.

Од МВР информираат дека сообраќајната несреќа била пријавена вчера во 21.10 часот

-Патничко возило „смарт“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(24) од с.Добрејци, удрило во двајца малолетни пешаци од Струмица.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешаците, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.