четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Ќе ве држи сити цел ден бидејќи е полн со протеини: Едноставен доручек со пилешко готов за 15 минути

Ќе ве држи сити цел ден бидејќи е полн со протеини: Едноставен доручек со пилешко готов за 15 минути

Состојки:

3 јајца
300 гр пилешко филе
3 млади кромидчиња
сув зачин
сол
лук во прав
масло

Подготовка:

Прво треба да го исечете пилешкото на коцки, а потоа да го исечете младиот кромид.

Загрејте го маслото во тава, па пропржете го младиот кромид. Додадете го пилешкото.

Кога пилешкото малку ќе ја промени бојата, додајте малку топла вода за да се прокрчка понатаму.

Кога водата ќе испари и дополнително ќе се испржи белото месо, додадете 3 јајца кои претходно сте ги изматиле за полесно да се соединат со останатите состојки.

Промешајте сè, додадете зачини и вашиот појадок е подготвен.