петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка

Малолетник тешко повреден во сообраќајка

Петнаесет годишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 2 часот на локалниот пат с.Сиричино кон с.Туденце.

Р.И.(24) од с.Раотинце, тетовско, управувајќи товарно возило „Форд“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од с.Јегуновце, тетовско.

-Тој бил пренесен во Клиничката болница -Тетово каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, информираат од полицијата.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.