четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајната несреќа кај Плетвар

Детали за сообраќајната несреќа кај Плетвар

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа меѓу камион со албански таблички и возило „ауди“ кај селото Раец, на патот Кавадарци – Прилеп, поради што сообраќајот се пренасочува по алтернативен пат.

Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев вели дека сообраќајот се одвива непречено за автомобили преку алтернативен пат.

„Во 14:35 часот случена е сообраќајна незгода на магистралниот пат Кавадарци – Прилеп во близина на село Раец, помеѓу влекач со албански национални ознаки и патнички автомобил марка ,ауди А4′. Притоа, едно лице се здобило со повреди и е е пренесено во кавадаречката болница“, изјави портпаролот за МИА.