ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.В.(58) од с.Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 27.03.2022 на регионалниот пат Струга-Дебар, на место викано „Суво поле“, пријавениот додека ја чистел својата нива, запалил суви лисја и огнот зафатил сува трева, стрништа и нискостеблеста шума околу 4.000 м² и дел од лозје сопственост на М.К. од Вевчани.