вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во скопски Аеродром: Вработен во тобако слушнал истрели од оружје, па лицето со кое бил во тој момент се пожалил на болка

Драма во скопски Аеродром: Вработен во тобако слушнал истрели од оружје, па лицето со кое бил во тој момент се пожалил на болка

На 01.05.2022 во 02.45 часот М.Т.(39) од Скопје пријавил дека пред тобако на подрачјето на Аеродром каде работел, додека бил со Т.Ј.(32) од Скопје, слушнале неколку истрели од огнено оружје, при што Т.Ј. се пожалил на болка. Од страна на лекар од Итната медицинска помош кај него е констатирана повреда, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.