Жена е полесно повредена во сообраќајната несреќа која вчера вечерта околу 20:30 часот се случи на крстосница од булеварите „Илинден“ и „8 Септември“.
Во несреќата, информира МВР учествувале автомобил „Порше“ управуван од Ф.Б. (44) и автомобил „Опел Зафира“ управуван од 52 годишната Б.С..
Во несреќата со телесни повреди се здобила Б.С. од Скопје на која и била укажана лекарска помош во ГОБ „8 Септември“.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.