среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 04.05.2022 во 14.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(43) од Тетово и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Тетово, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.