понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

„Ќе кажам дека Гвардиола е најдобар кога ќе направи успех без буџет од три милијарди“

„Ќе кажам дека Гвардиола е најдобар кога ќе направи успех без буџет од три милијарди“

Eлиминацијата на Манчестер Сити од Лигата на шампионите и понатаму е една од главните теми во светот на фудбалот.

Коментар за шокантната елиминација на „граѓаните“ со два гола во самата завршница и еден во продолжението даде и францускиот репрезентативец Емануел Пети. Според него Гвардиола не може да се смета за најдобар тренер во светот кога за да направи успех му се потребни огромни буџети.

„Го почитувам Гвардиола за се што направи во кариерата, но ако сака да привлече повеќе внимание на себе и луѓето да го гледаат како генијалец треба да има и успех со помали буџети. Кога ќе има слични успеси без буџет од три милијарди евра ќе кажам дека е најдобар, во овој момент тоа не е случај“.

Потсети Пети и дека Гвардиола е долго без трофеј во Лигата на шампионите.

„Пеп не ја освоил Лигата на шампионите 11 години, односно откако го нема Лионел Меси во неговиот тим“, изјави поранешниот фудбалер на Арсенал, Челзи и Барселона.