недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

ПОКРАЈ ПРОЗОРОТ ПОМАЛКУ СЕ ЈАДЕ! Изборот на маса во ресторанот влијае на храната

ПОКРАЈ ПРОЗОРОТ ПОМАЛКУ СЕ ЈАДЕ! Изборот на маса во ресторанот влијае на храната

Оние кои се на диета избегнуваат да одат во ресторани од страв дека ќе им ги уништат сите напори, но имаме добрата вест!

Професорот Брајан Вансинк, автор на книгата „Slim By Design“, тврди дека постојат начини да се одолее на разновидната и примамлива понуда на рестораните и кафулињата.

Тимот на професорот Вансинк посети 27 ресторани во Америка за да ја истражи нивната понуда и изборот на храна за секој посетител. Откриле дека на големината на порцијата, верувале или не, влијае и локацијата на масата.

Прочитајте какви совети ви нудат авторите на истражувањето за помалку да јадете.

Изберете маса покрај прозорецот. Не само што ќе бидете „позабележителни“, туку од самиот поглед на сонцето, природата и луѓето станувате посвесни за вашиот изглед и вашите желби.

Авторот на книгата „Slim By Design“ забележува и дека најтемниот агол на ресторанот е најлошото место за јадење доколку внимавате на линијата. Оние кои седат најблиску до шанкот, а далеку од вратата, нарачуваат повеќе слатки јадења и пијалоци.

Седнете на високи столчиња. Оние кои седат на високи столчиња наместо на удобни сепареа почесто избираат поздрави јадења и прескокнуваат десерти.

Свртете му го грбот на ТВ екранот. Ако јадете нешто во спортско кафуле, оддалечете се од екранот. Оние кои јадат и гледаат спортски натпревар, по правило нарачуваат пржена и мрсна храна.

Бидете внимателни со шведската маса. Слабите луѓе обично земаат помали порции и ги јадат со стапчиња за јадење, а не со вилушки. Покрај тоа, седат далеку од местото каде што се служи храна, со свртен грб од се што изгледа вкусно.