Чоколадата никогаш не би требало да се чува во фрижидер, дури ни во лето кога температурите се високи. Многу ниските температури може да влијаат на вкусот и густината на чоколадата.
Ова го истакнал Лук Овен Смит, експерт за чоколада.
-Последица од чувањето на чоколадото во фрижидер е лош вкус и намалено испуштање на слаткост и богатство на вкусот кој чоколадата го содржи-открил Смит. Наместо во ладилник чоколадата би требало да се чува на студено и темно место, идеално помеѓу 10 и 20 степени Целзиусови. Идеална температура за чоколада е 15 степени. Во ладилник треба да ја ставите само ако температурата во домот е повисока од 28 степени Целзиусови, рекол тој.