сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Погледнете со каков застрашувачки играчки кадар ќе располага Гвардиола

ФОТО: Погледнете со каков застрашувачки играчки кадар ќе располага Гвардиола

Манчестер сити наскоро ќе го официјализира трансферот на Ерлинг Халанд. Норвежанецот го заврши првиот дел од лекарските прегледи во Белгија, придружуван од лекарскиот тим на Сити.

„Граѓаните“ ја известиле Борусија Дортмунд дека ќе ја активира излезната клаузула на Халанд (цифра меѓу 60 и 75 милиони евра), а клубовите официјално ќе го потврдат овој трансфер до крајот на неделата.

Халанд потпиша на пет години и ќе заработува 435 илјади евра неделно, исто како и најдобриот играч на Сити, Кевин де Брујне. Норвешкиот напаѓач оваа сезона за Борусија постигна 28 гола на 29 натпревари.

Според „Трансфермаркт“, тимот на Манчестер сити без Халанд е најскапиот во светот. Во моментов вреди 960 милиони евра, а со неговото пристигнување таа вредност ќе надмине милијарда.

Менаџерот Пеп Гвардиола на располагање ќе има супер состав, во првите 11 се очекува да бидат Едерсон, Вокер, Лапорт, Дијас, Кансело, Де Брујне, Родри, Бернардо Силва, Фоден, Халанд, Стерлинг.

Секако, тука се одвојуваат и другите одлични играчи како Стоунс, Аке, Зинченко, Палмер, Гундоган, Марез, Жезус, Грилиш, Алварез…

Шпанскиот стратег има врвни решенија на крилните позиции, на левата страна се Грилиш и Стерлинг, на десно крило Фоден и Марез. Во средината се Де Брујне, Бернардо Силва, Гундоган и младиот Палмер. Со заминувањето на Фернандињо, ќе се остане само со еден заден играч за врска, Родри.