сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вистинскиот рецепт за ЅАЅИКИ како од грчки ресторан: Лесно се прави, а вака е најубав!

Вистинскиот рецепт за ЅАЅИКИ како од грчки ресторан: Лесно се прави, а вака е најубав!

Состојки

2 долги краставици
4 чешниња лук
половина гранче копар
сол
400 мл густ јогурт
малку маслиново масло
бел бибер

Подготовка:

Излупете ја краставицата и изрендајте ја, посолете ја и оставете ја водата да тече. Исцедете ја целата вода од краставиците, исецкајте го лукот и додадете го ситно сечканиот копар, маслото, јогуртот и белиот бибер. Промешајте, добро изладете и послужете.

Грците советуваат дека можете да го отстраните вкусот на лукот во устата со џвакање на листовите од магдонос.