На 17.05.2022 во 15.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, во близина на превојот „Стража“, Л.Е.(28) од с. Поповјане, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Л.Е. бил пренесен во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кичево.