Ако сакате да пробате чај од куркума, направете го на овој начин.
Овој чај се состои од само пет состојки, куркума, ѓумбир, цимет, кардамон и природен мед. Поволното дејство на организмот ќе се почувствува дури по неколку дена редовна употреба, а се верува дека ја зголемува отпорноста на организмот.
Состојки:
Половина лажичка ѓумбир
Половина лажичка цимет
На врвот на една лажичка куркума
Прстофат кардамон
1 лажичка мед
500 милилитри вода
Подготовка:
Оставете ја водата на тивок оган.
Кога водата ќе зоврие додадете ги ѓумбирот и циметот.
Потоа додадете куркума, карадмом и промешајте.
Оставете го сето тоа да врие околу 5 до 10 минути.
Оставете да се излади десетина минути, а потоа процедете го чајот и засладете го со мед.
Пијте го овој чај секое утро и ќе останете здрави и витки.