Триесет и едно годишниот Г.А. од Битола е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера во 7:25 часот се случила во Битола на патот А3, односно на исклучувањето кон село Кажани.
Како што информираат од полицијата во несреќата учествувале „Фиат Дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(31) од Битола и возило „Ауди А4“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.М.(27) од Струга.
-Во незгодата, Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Битола, информираат од МВР.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Битола.