Полицијата денеска соопшти детали за сообраќајната несреќа во која животот го загуби пешак во скопската населба Ѓорче Петров.
Како што информираат од МВР, автомобил „Ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ј.(58) од с.Сарај, удрил во пешакот С.Р.(65) од с.Грчец, општина Сарај.На местото на несреќата починал С.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, велат од МВЕ.
Несреќата била пријавена околу 21:30 часот, а се случила на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Никола Пушкаров“.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.