вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Товарно возило удри пешак во Центар

Товарно возило удри пешак во Центар

Пешак се здобил со тешки повреди откако вчера утрината бил удрен од автомобил на крстосница од булевар „Крушевска Република“ со булевар „Кочо Рацин“.

-Товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Е.(55) од Скопје, удрило во Е.М.(34) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.