среда, 3. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Ченто, едно лице повредено

Тешка сообраќајка во Ченто, едно лице повредено

На 31.05.2022 во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улиците „Благоја Стефковски“ и „Методија Андонов – Ченто“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан микра“, управувано од С.В.(25) од Скопје и мотоцикл, управуван од Б.Ѓ.(29) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.