Тренерот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Пабло Ласо, ги исплаши фановите откако медиумите потврдија дека бил пренесен во болница поради доживеан срцев удар.
Шпанскиот стрaтег експресно бил хоспитализиран во Мадрид и поминал без посериозни последици од здравсствените проблеми, па денеска испрати оптимистичка изјава, надополнета со фотографија.
– Дома сум и се е во ред, имав среќа што животот ми испрати предупредување. Како што ми рече докторот, сега сум подобар од пред пет дена, имам желба што побргу да се вратам на работа, – порача Ласо.
Реал во моментов игра полуфинале во шпанскиот плејоф и има водство против Басконија со 2:0.