АМСМ утрово соопшти дека поради случена сообраќајна несреќа, сообраќајот на патниот правец Куманово – Кратово, кај село Железница е во прекин во двете насоки.
Од МВР за Курир информираат дека сообраќајната несреќа е пријавена во 07:25 во која учествувале товарно возило и автомобил. Полицијата е на терен, во тек е увид.
Сообраќајот е се уште затворен, за евентуални жртви нема информации.
Повеќе детали наскоро..