петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Радев: Ветото за Македонија да не се трга

Радев: Ветото за Македонија да не се трга

Политичката криза е факт, но за разлика од претходните кризи, таа се одвива во услови на прогресивна инфлација, социјална, економска и прехранбена криза предизвикана од војната во Украина, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Радев пред медиумите кажа дека во земјата е неопходно одговорно и одржливо владеење, а партиите застапени во парламентот треба што поскоро да најдат излез од ситуацијата.

Додека партиите бараат формирање на владејачко мнозинство, кабинетот мора да обезбеди социјални плаќања и поддршка на бизнисот, да опстои ветото за Република Македонија во согласност со рамката усвоена од Консултативниот совет за национална безбедност и да се гарантира функционирањето на државата – изјави Радев.