петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Направете домашни кроасани со шунка и кашкавал и со неодолив вкус

Направете домашни кроасани со шунка и кашкавал и со неодолив вкус

Нема поубаво од топли, вкусни кроасани кои имаат неодолива миризба. Доколку сакате за своето семејство или блиските да подготвите домашни кроасани, пробајте го овој рецепт.

Состојки:

3 јајца
1 лажица шеќер
300 гр. брашно
250 мл. млеко
1 сув квасец
2 лажички сол
120 гр. путер
200 гр. шунка
200 гр. кашкавал
оригано

*наведената количина е за 12 кроасани

Подготовка:

Изматете едно јајце, па додадете ги солта, шеќерот, квасецот и малку затопленото млеко. Соединете убаво и додадете го брашното, па замесете тесто. Оставете го тестото да одмори 20 минути.

Потоа развлечете го тестото со прсти на работна површина посипана со брашно. На средина ставете 20 гр. путер и се заедно замесете.

Формирајте топка од тестото, па поделете го на осум еднакви делови. Секој дел од тестото расукајте го во форма на круг со пречник од најмалку 50 сантиметри. Останатите 100 грама путер стопете ги и премачкајте го секое раскукано парче од тестото.

Раскуканите кругови еден врз друг наредете ги и ставете ги 20 минути во замрзнувач.

Кога ќе го извадите тестото со сукало раскукајте голем круг кој потоа ќе го исечете на 12 триаголници. На секој триаголник ставете шунка и кашкавал, и свиткајте за да добиете форма на кифла, а потоа наредете ги сите во тава за печење обложена со хартија.

Кроасаните наредени во тава покријте ги со крпа и оставете ги најмалку еден час на собна температура. Изматете две жолчки од јајца и намачкајте ги кроасаните, па посипете ги со оригано.

Печете со загреана рерна 10 минути на 200 степени, а потоа пет минути на 180 степени.

Послужете ги кроасаните топли и уживајте во вкусот.