вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

СПОЈ НА НЕСПОЈЛИВОТО ДО СОВРШЕН ВКУС! Салата од диња, моцарела и пршута ќе ги воодушеви сите ваши сетила!

СПОЈ НА НЕСПОЈЛИВОТО ДО СОВРШЕН ВКУС! Салата од диња, моцарела и пршута ќе ги воодушеви сите ваши сетила!

Иако многу луѓе се скептични кога станува збор за комбинирање на слатки и солени вкусови, сигурни сме дека ќе ви се допадне оваа салата

Во овие топли денови, здравата салата најдобро ќе ве освежи, а ние ви даваме предлог како да ја направите оваа со диња:

Состојки:

помала диња

125 гр моцарела

100 гр пршута

шака рукола

спанаќ

малку свежо нане

малку мајчина душица

маслиново масло

сок од лимета

Подготовка:

Изладената диња исчистете ја, исечкајте ја на кришки, ставете ја во сад, па додајте рукола, тенко исечканата пршута, малку спанаќ и моцарела. Зачинете со свежо нане и мајчина душица, прелијте со сок од лимета и маслиново масло, сè убаво измешајте, па веднаш послужете.

Пријатно јадење!