Однадвор крцкава кора, а внатре мек и сочен фил, мириса на цимет, а подготовката е едноставна. Може да се направи со секое овошје.
Состојки:
2 лиснати теста, без разлика дали се замрзнати или свежи.
5 средни јаболка
150 гр бел и 100 гр кафеав шеќер
1 лажичка цимет (по желба и повеќе)
сок од половина лимон
1 лажица густин/скроб
2 лажици вода
Подготовка:
Излупете ги јаболката и исечете ги на коцки.
Се стават во тенџере, па се додава шеќерот и лимонот и се промешува.
Оставете да отстои 10 минути.
Се става на оган и кога ќе проврие намалете на средно и варете 7-8 минути.
Изматете го густинот со вода, додадете ги јаболката, промешајте и кога ќе згусне, тргнете од оган и оставете да се излади.
Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее.
Расукајте го тестото во големина на голем плех, а потоа на 4 или 5 ленти.
Ставете полна лажица фил на секоја лента.
Ако ви е поредок, избегнувајте сок, само јаболка.
Од едната страна се става филот, а другата се витка и се затвора.
Се редат на подмачкан плех.
Секоја пита со јаболка премачкајте ја со изматено јајце и посипете со мешавина од кристален шеќер и цимет.
Печете околу 15 минути, во зависност од тоа колку сакате да биде печено.
Се служи и топло и ладно.
Пријатно.