На топло ништо не освежува повеќе од сочна салата.
Затоа ви предлагаме брза и лесна салата со тестенини и зеленчук.
Со додавање на јајца, фета сирење и мајонез, добивате вистинско летно освежување.
И секако, ова може да биде и посебен оброк.
Пробајте го и уверете се сами!
Состојки:
250 гр варени тестенини
2 варени јајца
1 варен морков
1 зелена пиперка
неколку маслинки
1 кромид
200 гр кисела павлака
100 гр фета сирење исечкано на коцки
100 гр мајонез
1 лажичка сенф
Подготовка:
Во сварените тестенини додадете ги сите наведени состојки, исечкајте ги на коцки и убаво измешајте.
Проверете го упатството за подготовка чекор-по-чекор: