Голем фудбалски скандал ја тресе Европа откако легендарната фудбалерка Вера Паув кажа тајна која ја чува 35 години. Холанѓанката која последните години какао селектор на Ирска открила дека била силувана од тројца мажи, тогаш вработени во Фудбалскиот сојуз на Холандија.
За нејзиниот случај веќе бил запознаен Сојузот, како и локалната полиција. Откако успеала да собере храброст, испрати силна порака преку своите профили на социјалните медиуми.
-Ја чувава тајната од светот 35 години. Од моето семејство, соиграчите, играчите, колегите, а сега мора да признаам и од себе. Го чував злоставувањето во тајност. Дозволив сеќавањето да влијае да мојот живот, да контролира и да доминира со моите чувства, секојдневно да ме исполнува болка и мака. Многумина ме гледаат како цврст менаџер, жена која во машкиот свет се качува со врвот, вели Вера.
Според нејзините зборови таа била силувана од страна на угледен фудбалски работни, а подоцна нападот се повторил од уште двајца вработените во Сојузот. Се се случувало пред околу 35 години кога Паув била фудбалерка и репрезентативка.
-Фудбалскиот сојуз на Холандија е многу шокиран од искуството кое во минатото го доживеала Вера. Ги признаваме грешките кои се идентификувани, тоа не смеело да се случи. Вера не можела да има безбедност а работното место, се наведува во соопштението.
This has been the toughest thing in my life but, finally, I’m ready to move on and be proud of who I am
Vera 💚 pic.twitter.com/27v25nFViP
— Vera Pauw (@verapauw) July 1, 2022