петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Со овој чај ќе им кажете “збогум“ на менструалните болки

Со овој чај ќе им кажете “збогум“ на менструалните болки

Решението за овој проблем можете да го најдете во овие природни состојки и да заборавите на болките.

Најголемата женска болка е менструацијата. Но, и покрај таблетите кои повеќето жени ги пијат за ублажување на менструалните болки, постои и природен начин на кој можете да се ослободите од маката која ја доживувате секој месец.

Сè што ви е потребно е овој чај:

Состојки:

  • 100 грама надземен дел од ајдучка трева
  • 100 грама исушени цветови од невен
  • 50 грама исушени листови од коприви

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки. Потоа, две супени лажици од мешавината прелијте ги со половина литар зовриена вода и оставете во покриен сад да отстои пет минути.

Примена:

Чајот се пие полека, во мали голтки. Најдобро е да испиете барем еден литар дневно. Не се препорачува за време на менструација, туку неколку дена претходно. Треба да го пиете два месеци, па да направите пауза од две недели.