недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ова се седумте опции за Кристијано Роналдо ова лето

Ова се седумте опции за Кристијано Роналдо ова лето

Кристијано Роналдо притиска да замине од Манчестер Јунајтед, кој наредните неколку сезони планира да гради тим кој ќе доминира заедно со тренерот Ерик тен Хаг.

Португалецот е на крајот од кариерата. Нема многу време за калкулации, ако сака да освојува големи трофеи. Квалитетот на „црвените ѓаволи“ не му ветува дека ќе има шанса за нови титули во претстојната сезона.

37-годишникот има седум опции каде да ја продолжи кариерата. Меѓу клубовите кои се поврзуваат со неговото име се Челзи, Барселона, Наполи, Рома, Баерн Минхен, Спортинг Лисабон. Но, не се исклучува и негово останување во Јунајтед, кој најави дека моментално португалскиот ас не е на продажба.

Роналдо не се појави на почетокот од подготовките на екипата. Тоа дополнително ги зголеми шпекулациите дека сака по секоја цена да го напушти „Олд Трафорд“.