Рецептите со тиквички се неисцрпна тема, па не грижете се што да подготвите за летен ручек или лесна вечера бидејќи тиквичките се инспирација на која секогаш можете да се потпрете.
Во оваа едноставна комбинација, ручекот што ќе го подготвите за вашите најблиски ќе донесе атмосфера на шармантна италијанска кујна, која заедно со чаша добро вино ќе ги создаде вашите заеднички спомени.
Состојки:
2 поголеми тиквици
1 лажица маслиново масло
30м бел вински оцет
100гр црни маслинки
100гр пармезан
1 лажица шеќер
1 лажица свежо исечен млад лук
2 домати исечени на ситно
2 лажици излупени печени бадеми
Подготовка:
Со помош на машина за лупење зеленчук, исечете ги тиквичките по должина за да формирате тенки ленти. Во сад за салата измешајте ги тиквичките со маслиново масло, бел вински оцет, шеќероѕ, младоѕо лукче и доматите.
Покријте и ставете во фрижидер 30 минути.
Пред сервирање, карпачото посипете го со бадеми и црни маслинки, изрендајте пармезан по вкус и уживајте!