среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајната несреќа на воз и „фолксваген туран“ со германски ознаки – две лица повредени

Детали за сообраќајната несреќа на воз и „фолксваген туран“ со германски ознаки – две лица повредени

На 11.07.2022 околу 12.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на железнички премин во с.Романовце, на место викано „Превој“, се случила железничка несреќа помеѓу локомотива и патничко возило „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, управувано од М.А.(44) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, а со повреди се здобил и сопатникот Р.А. од истото возило, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.