петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден откако излетал со автомобилот од пат

Возач тешко повреден откако излетал со автомобилот од пат

На 13.07.2022 во 07.34 часот во СВР Битола пријавено е дека на регионален правец Кичево-Македонски Брод на м.в „Ижишки анови“, патничко возило „пежо 206“, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од И.Д.(36) од Македонски Брод, излетало од коловозот, информира МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп.

Увид извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.