понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Добар е за дијабетичари, СОВРШЕН за диета: Кој го јаде еднаш неделно е ПОПАМЕТЕН

Добар е за дијабетичари, СОВРШЕН за диета: Кој го јаде еднаш неделно е ПОПАМЕТЕН

Ако имате прекумерна тежина, имате нарушено ниво на шеќер во крвта и проблеми со срцето, често треба да јадете модар патлиџан

Синиот модар патлиџан е зеленчук кој има висока содржина на вода и многу малку калории. Оваа карактеристика го прави идеален во исхрана наменета за слабеење. Од слични причини, модриот патлиџан е одличен и за срцето, бидејќи содржи супстанции важни за подобрување на општото здравје.

Сок од модар патлиџан?

Студијата за ефектите на сокот од модар патлиџан покажа дека помага да се намали лошиот холестерол, да се подобри здравјето на артериите и да се релаксираат крвните садови.

Со оглед на тоа што содржи голема количина растителни влакна со многу малку шеќер, модриот патлиџан е сосема пожелен во исхраната на луѓето со дијабетес тип 2.

Влакната и јаглехидратите од модар патлиџан го намалуваат нивото на шеќер во крвта кај заболените. Јадењето на овој вид зеленчук го намалува ризикот од високо ниво на шеќер, бидејќи фенолите во модриот патлиџан помагаат да се „следи“ нивото на гликоза.

Високото ниво на фитонутриенти во модар патлиџан му помага на мозокот да функционира така што го штити мозокот од слободните радикали и разни видови оштетувања како заштитна обвивка. Витамин Б комплекс помага во ублажување на физичката и менталната напнатост. Вклучувањето на овие зеленчуци во неделната исхрана ни овозможува да размислуваме многу побрзо и подинамично.