среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Џанан Муса е нов кошаркар на Реал Мадрид

Џанан Муса е нов кошаркар на Реал Мадрид

Кошаркарската секција на Реал Мадрид од денеска е посилна за Џанан Муса, откако кошаркарот од Босна и Херцеговина се избори за трансфер во престижниот шпански клуб.

По враќањето од НБА, Муса настапуваше за Анадолу Ефес со кого стана европски првак, а минатата сезона како член на Рио Бреоган беше прогласен за МВП на шпанската лига.

Муса го привлече вниманието на Реал Мадрид, па клубот денеска ја информираше јавноста дека репрезентативецот на БиХ ќе биде нов член на шпанскиот првак. 23-годишниот кошаркар потпишал двегодишен договор со Реал.