Младите особено ќе ги обожаваат
СОСТОЈКИ:
250 гр тестенини
100 гр шунка
100 гр сува сланина
1 мал кромид
1 мал домат
1 лажица кисела павлака
малку лист магдонос
Подготовка:
Сварете ги тестенините, истурете ги во чинија и распоредете ги.
Сланината исечкајте ја на коцки и пропржете ја, па наредете ја врз тестенините.
На намрсена тава пропржете ја шунката исечкана на коцки, па ставете ја врз тестенините.
На истата чинија пропржете го исецканиот кромид и на крај доматите исечкани на коцки, истурете се во круг едно до друго.
Во средината ставете павлака.Поросете со сечкан магдонос.Послужете топло.