вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварец со „БМВ“ излетал од патот – тројца повредени, еве ги деталите

Гостиварец со „БМВ“ излетал од патот – тројца повредени, еве ги деталите
илустрација

На 17.07.2022 во 07.35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Врбјани и Сливово, општина Дебарца, патничко возило „Бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(27) од Гостивар, излетало од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, С.З.(21) и малолетен сопатник, двајцата од Гостивар, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршиле полициски екипи.