понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за дебранец вршел јавен превоз без соодветна лиценца

Кривична пријава за дебранец вршел јавен превоз без соодветна лиценца

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Дебар, осомничен за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид, кривичната пријава е поднесна против Р.К.(67) од Дебар.

– При контрола извршена на 18 мај годинава во 08:45 часот на регионалниот пат Дебар-Маврово, пријавениот е затекнат како со такси моторно возило врши јавен превоз на патници, без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган, рече Димоски.

Тој информираше дека се извршени сообраќајни контроли, полициските службеници на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, за два дена затекнале и санкционирале осум возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење.