вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прегазени двајца пешаци, малолетник тешко повреден

Прегазени двајца пешаци, малолетник тешко повреден

На 19.07.2022 во 20.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Мајор Чеде Филипоски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Е.(32) од с.Лакавица, удрило во пешакот Р.А.(58) од с.Здуње и во уште еден малолетен пешак, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот пешак, а со телесни повреди Р.А., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.