среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривопаланчанец и две девојки од Бугарија повредени во сообраќајка кај Страцин

Кривопаланчанец и две девојки од Бугарија повредени во сообраќајка кај Страцин

На 20.07.2022 во 10.30 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на на магистралниот пат А-2, кај с.Страцин, кратовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со бугарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од Крива Паланка и патничко возило „пежо 307“, со бугарски национални ознаки, управувано од И.В.Љ.(22) од Република Бугарија.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.С., а со телесни повреди се здобила И.В.Љ. и сопатничката од нејзиното возило М.Г.О.(22) од Република Бугарија, констатирани во ЈЗУ Кратово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кратово.