среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец тешко повреден во сообраќајка во Аеродром

Скопјанец тешко повреден во сообраќајка во Аеродром

На 20.07.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и сервисна улица од бул.„АСНОМ“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“, управувано од Б.Ш.(43) од Скопје и мопед „кимко“, управуван од В.С.(45) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.