недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Изненадување: Роналдо ќе потпише нов договор со Јунајтед, па ќе замине на позајмица?!

Изненадување: Роналдо ќе потпише нов договор со Јунајтед, па ќе замине на позајмица?!

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо вчера пристигна во Манчестер иако претходно изјави дека сака да си оди од Јунајтед и да игра во екипа што ќе настапува во Лигата на шампионите, но неговиот агент Жорге Мендеш не успеа да му најде тим.

Манчестер јунајтед е подготвен да му ја исполни желбата на Португалецот, но за возвраст очекува Португалецот да потпише нов договор со англискиот тим и потоа да замине на позајмица.

Роналдо по секоја цена сака следната сезона да игра во Лигата на шампионите, но ниту една екипа досега не изрази подготвеност да плати отштета за 37-годишниот Португалецот. Баерн Минхен, Челси, ПСЖ, Барселона и Реал Мадрид ја одбија можноста да го ангажираат Роналдо, додека единствен заинтересиран тим е Атлетико Мадрид.

Атлетико нема пари да го откупи договор, но би можел да го донесе на едногодишна позајмица и на такво сценарио е подготвен Јунајтед.

Англиските медиуми пишуваат дека Роналдо би се вратил на „Олд трафорд“ идното лето доколку екипата би обезбедила пласман во Лигата на шампионите и Португалецот би ги предводел „црвенте ѓаволи“ во елитното натпреварување во сезоната 2023/24.

Роналдо денеска ќе се приклучи на подготовките на Јунајтед откако ги пропушти турнеите во Азија и Австралија.