На 26.07.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот Е.Д.(67) од Скопје и го напуштило местото.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.
Се работи на расчистување на случајот.