четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Хрватска се соочува со нов бран на многу заразни подваријанти на коронавирусот, поради што е зголемен процентот на позитивни меѓу тестираните на дури 30 проценти, а бројот на нови случаи на заразени дневно е повеќе од илјада, соопшти Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ).

Во Хрватска циркулираат субваријанти на Омикрон БА.2 и БА.4 и БА.5, на кои најизложени се граѓаните на возраст од 30 до 69 години, додека децата се помалку заразени бидејќи нема настава.

Изминатата недела е зголемен и бројот на хоспитализирани и починати, но тоа не го зголеми интересот за вакцинација, па дневно се вакцинираат само од 300 до 400 лица, а со првата доза помалку од 50 во целата држава.