сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Се огласи Роналдо: „Само продолжете да лажете“

Се огласи Роналдо: „Само продолжете да лажете“

После повеќенеделен молк, Португалецот кој уште не е прибран во Манчестер Јунајтед и ги пропушти целите подготовки само затоа што наводно сака да замине, конечно се огласи.

Речиси да нема ден да не се пишува за некоја нова дестинација за Кристијано Роналдо кој наводно очајнички се обидува да смени клуб, но не му оди.

Медиумите, а особено корисниците на социјалните мрежи почнаа да пишуваат комични коментари околу новата средина за Португалецот.

Откако најмногу се шпекулираше дека Атлетико Мадрид сакал да го доведе во неговите редови, навивачите на овој голем ривал на Реал Мадрид најпрвин во соопштенија напишаа дека жестоко се противат на таква идеја, затоа што Кристијано Роналдо не ги делел вредностите на овој клуб и дека тој е класична антитеза на Атлетико Мадрид, после тоа објавија и парола.

На пријателската против Нумансија на која Атлетико Мадрид славеше 0-4, десетина навивачи кренаа парола на која пишуваше „КР7 НЕ СИ ДОБРОДОЈДЕН“.

Роналдо на таа објава со паролата, на Инстаграм искоментирал со четири емоџи смајлиња.

Неколку часа подоцна Кристијано Роналдо на Инстаграм им се обрати на медиумите и навивачите кои го селат и со остар тон напиша:

„Не е можно барем еден ден да не се зборува за мене. Инаку печатот не би заработувал. Знаете дека ако не лажете не можете да го привлечете вниманието на медиумите. Продолжете само така, можеби еден ден ќе објавите и некоја точна вест“, порачал Роналдо.

Последна вест е дека откако наводно Баерн Минхен и Атлетико Мадрид го одбиле неговиот агент Хорхе Мендеш, Кристијано би се вратил во матичниот Спортинг Лисабон од каде ја започна целата приказна.