петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Харден останува во Филаделфија

Харден останува во Филаделфија

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата Џејмс Харден (32) останува во редовите на Филаделфија, пренесуваат денеска американските медиуми, наведувајќи дека двете страни договориле продолжување на соработката.

Харден ќе потпише нов двегодишен договор вреден 68.6 милиони долари.Договорот му гарантира на Харден 33 милиони долари за следната сезона и можност да одбие опција од 35.6 милиони долари за втората сезона и да бара нов клуб.

Харден, кој следниот месец ќе наполни 33 години, минатата сезона имаше просек од 22 поени, 10.3 асистенции на 65 натпревари во дресовите на Бруклин и Филаделфија.