Потребни ви се:
2 големи зрели домати
100 гр сирење
4 чешниња сечкан лук
3 јајца
масло
сол
Подготовка:
Излупете го доматот и исечете го на коцки. Загрејте малку масло и протресете ги доматите во тавата, додадете лук и сол.
Покријте и пржете додека да испари течноста. Додадете го изренданото сирење и кога ќе се растопи додадете ги изматените, посолени јајца.
Покријте и пржете минута или две и промешајте.
Пријатно!