четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Целиот свет се шегува со Роналдо: Поради една изјава Португалецот сега е предмет на потсмев на социјалните мрежи (ФОТО)

Целиот свет се шегува со Роналдо: Поради една изјава Португалецот сега е предмет на потсмев на социјалните мрежи (ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо поради изјава која неодамна ја даде стана главна тема на социјалните мрежи.

Славниот Португалец заедно со својата селекција го заврши учеството на Мундијалот во Русија и ги спакува куферите за враќање дома.

Иако од ѕвездата на Реал Мадрид и еден од најплатените фудбалери на светот се очекуваше многу, Роналдо сепак не можеше сам, па поради тоа неговиот мундијалски сон заврши уште во осминафиналето.

Меѓутоа, т.н. хејтери на Роналдо сега не го оставаат на мир, па тој моментално е предмет на шеги на социјалните мрежи. А за се тоа најзаслужен е неговиот имиџ- брадата. Или подобро кажано брадичката.

По натпреварот во кој Португалија го совлада Мароко со 1:0, Роналдо откри дека неговата брада е дел од шефа со неговиот соиграч Рикардо Кварезма, како и дека смета дека тоа му носи среќа, па така ќе продолжи до крајот на Мундијалот.

-Епа сега може да се избричи, и така лошо му стои, пишуваат многумина на социјалните мрежи.

А тој пак овој детаљ на своето лице сепак го објасни:

-Тоа беше шега која ја имав со Кварезма. Бевме во сауна кога се бричев и ми остана малку врада. Кажав дека ако постигнам гол против Шпанија ќе ја оставам до крајот на турнирот. Испадна дека функционира и дека ми носи среќа, затоа што против Мароков дадов гол, така ќе ја оставам, кажа Роналдо пред неколку дена.

Сепак, очигледно брадата не успеа да му донесе среќа.