сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повредени малолетник и 22 годишник по пад од мотор

Повредени малолетник и 22 годишник по пад од мотор
илустрација

На 09.08.2022 во 08.45 часот, во ОВР Дебар пријавено е дека на 08.08.2022 година околу 17.00 часот, во селото Новак, општина Центар Жупа, О.А.(22) од истото село, управувајќи мотоцикл марка „јонвеи“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник на мотоциклот од истото село, а мотоциклистот О.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.