Многумина од нас јадат многу, многу повеќе шеќер отколку што препорачуваат лекарите.
Идеалната доза е само 25 грама (5 лажички) за жени и 35 грама (7 лажички) за мажи, а барем еден од следните симптоми може да биде знак дека претерате со слатките.
Драстичните промени во расположението можат да бидат предизвикани од големите варијации на гликозата во крвта – запомнете колку можете да бидете лути кога сте гладни! Високото ниво на шеќер го нарушува и балансот на хормоните, па може да добиете акни исто како што сте во пубертет. Покачувањето и падот на шеќерот во крвта доведува и до мигрена, а доколку шеќерот постојано стигнува во организмот во зголемени количини, сигурно е дека ќе се здебелите дури и ако редовно вежбате.
Ако страдате од некој од горенаведените проблеми, обидете се да го намалите дневниот внес на шеќер и гледајте како се подобрува вашето здравје. На овој начин ќе се ослободите и од вишокот килограми, бидејќи кога нема брза „шеќерна“ енергија, телото ќе посегне по онаа во масни наслаги.