вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

РОДИТЕЛИТЕ ГО ЗАБОРАВИЛЕ ВО АВТОМОБИЛ: Почина тримесечно бебе во Вашингтон

РОДИТЕЛИТЕ ГО ЗАБОРАВИЛЕ ВО АВТОМОБИЛ: Почина тримесечно бебе во Вашингтон

Тримесечно бебе почина во Вашингтон откако неколку часа го оставиле во жежок автомобил, соопшти американската полиција.

Трагедијата се случила во вторникот вечерта на Парк Роуд. Полицијата примила повик по 18 часот и го пронашла бебето во несвест, според полицискиот оддел на Вашингтон Метрополитен.

Детето, идентификувано како Арон Бојд Џуниор, итно било пренесено во болница каде што била констатирана смрт, јавува NBC.

Според полицијата, таткото на детето рекол дека бебето било во автомобилот околу два часа.

Истрагата е во тек, а обдукцијата ќе ги утврди причините и начинот на смртта на Арон.

Инаку, во вторникот во Вашингтон беа измерени 40 степени Целзиусови.